Сите ја сметале за „грдото пајче“, но таа сепак го добила својот среќен крај! (ФОТО)

инстаграм

Кучето Мориса долго време имало потешкотии да го пронајде својот дом поради изгледот, а некои едноставно се откажувале од посвојување кога ќе виделе „грдото пајче“. Мориса со месеци била во Домот за животни откако била спасена од домаќинство во кое била запоставена со повеќе други животни.

„Мориса навистина изгледа необично и е доста стара. Бидејќи имаше повеќе здравствени проблеми мислевме дека никогаш нема да може да најдеме семејство за неа“, изјавил Крег Хорслер, управителот на Домот.

Меѓутоа, сопственичката Риа Мае веднаш се заљубила во неа и одлучила да ѝ обезбеди нов дом и семејство.

Таа добила ново име, Мортиша и дошла во домот на Риа и нејзината 14-годишна чивава Пи.

„Секаде ја носам Мортиша со себе и дури купив количка каде што нема да е проблем доколку сме повеќе часа надвор. Таа има 13 години и не може многу долго да оди. Дури бевме и на концерт заедно, каде Мортиша гледаше од удобноста на својата количка“, изјавила Риа.

Таа отворила инстаграм-профил со надеж дека луѓето ќе видат колку е убаво да се има и повозрасно куче. „Грдото пајче“ сепак ја доби својата бајка со среќен крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот