Сите ја сакаат новата фризура на Моника Белучи: Познатата актерка сега изгледа 10 години помлада! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Една од најубавите актерки на сите времиња, Моника Белучи до пред некое време имаше долга коса, а потоа реши да направи голема промена и драстично да ја скрати.

Изгледа дека ѝ се допаднало да игра со должината, па затоа повторно ја променила фризурата. Отсега, можеме да ја видиме со нова фризура која совршено одговара на секоја форма на лице.

Имено, степенастиот боб со кркми е, според фризерот, апсолутен хит за жените во своите 50-ти години. Оваа должина ќе го истакне најубавото на лицето, и е модерна и разиграна, па затоа ќе ве направи да изгледате многу помлади.

Покрај тоа што изгледа убаво, оваа форма на фризура е лесна за одржување и се суши брзо, што, ќе признаете, е многу важно кога температурите надминуваат 30 степени.

Сè што треба да направите е да земете малку пена за коса и да ја „изгужвате” со рацете, во еден момент ќе имате заводлива фризура, така што ќе можете да ги намалите посетите на фризерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот