Сите ја нерекуваат снаата на Брена, но еве која е вистинската свекрва на Александра Пријовиќ

Instagram
Фото: Инстаграм

Кога сте дете на познати родители, вашиот приватен живот го привлекува интересот на јавноста. Исто е и со Филип Живојиновиќ, синот на поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ. Приватниот живот на Филип е од голем интерес за јавноста, не само поради неговиот славен татко, туку и поради неговата позната сопруга, Александра Пријовиќ.

Боба Живојиновиќ и Филип Живојиновиќ/Инстаграм

Иако Александра сите ја нарекуваат снаата на Брена, тоа не е така, бидејќи првата сопруга на Боба и мајката на Филип е Зорица. Српската тениска легенда Боба Живојиновиќ се забавуваше со Зорица Десница пред Лепа Брена, со која го доби синот Филип.

Филип Живојиновиќ со неговата мајка Зорица Десница/Инстаграм

Иако се ожени со Лепа Брена во 1991 година, Зорица и Боба и денес се во добри односи. Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот