Сите ја критикуваа поради донацијата, а еве на што размислува Ким Кардашијан! (ФОТО)

Instagram

Пред неколку дена, американската јавност ја осуди ријалити-ѕвездата дека сака да заработи додека трае пандемијата на коронавирусот, но таа се искупи со вредна донација. Сега од Ким стига нов бран на опседнатост со себе, велат американските медиуми.

Откако нејзината сестра Кајли Џенер донираше милион долари во една болница за медицинска опрема потребна во борбата против вирусот, Ким Кардашијан ги повика сите да купуваат од нејзините производи на новата линија Скимс и вети дека ќе донира 20% од профитот.

Profimedia
Многумина тоа го сфатија како нејзин начин да заработи за време на епидемијата, но таа навистина даде милион долари за да помогне на лекарите и медицинските сестри кои се борат во оваа несекојдневна ситуација која ја зафати целата планета.

Откако направи едно добро дело, Ким се врати на размислувањето за својот изглед и секојдневието, па на Инстаграм објави постара фотографија на која позира како русокоса и напиша:

„Косата ќе ми биде многу здрава кога ќе помине карантинот. Размислувам да станам русокоса кога повторно ќе може да имаме човечка интеракција“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот