Сите горива по иста цена, единствено поскапува Еуросупер БС-95

Од ноќеска на полноќ за половина денар по литар ќе поскапи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, додека цената на останатите горива останува иста, стои во соопштението на РКЕ.

Со одлуката на Комисијата се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто.

Па така, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.

На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44 отсто или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088 отсто или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот