Сите го прогласија за луд кога предупреди дека силен земјотрес ќе ја погоди Албанија - Слободен печат

Сите го прогласија за луд кога предупреди дека силен земјотрес ќе ја погоди Албанија

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција(ЛСИ), Моника Круемади задржувајќи се на состојбата по катастрофалниот земјотрес од 26 ноември,ја спомна изјавата на претседателот Илир Мета, во која предупреди дека Албанија ќе ја погоди земјотрес.

Гостувајќи во емисијата „Опен” на Топ чанел телевизија, Круемади рече дека шефот на државата (кој е нејзин сопруг) го најавил земјотрсот, но, тогаш рекле дека е луд.

Таа додаде дека „Рама не вели залудно дека Мета ја има гатачката на филџан дома”, иронизирајќи ги изјавите на премиерот Еди Рама, кој и го даде тој епитет.

-Велеа претседателот е луд што предупреди на земјотрес. Залудно не вели Рама дека Мета дома ја има гатачката на филџан. Еве гатачката предвиде. Но, никој не го послуша претседателот, туку рекоа дека полудел, рече Кируемади.

За потсетување, Мета кон крајот јули предупреди дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот. Мета во функција на претседатаел на Нацоналниот совет за безбедност упати писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

Побара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис, искажувајќи подготвеност да го свика Националниот совет за безбедност.

„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен”,стоеше во писмото од Мета.

Експресно му одговори министерката за одбрана Олта Џачка,порачувајќи му дека земјотреси не се предвидуваат.

-Предвидувањето земјотрес е надвор од можностите на науката, а за тоа се консултирав и со Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ). Дополнително, грчкиот сеизмолог Акис Целентис ја демантираше лажната вест,што беше причина за вашата загрженост, стоеше меѓу другото во одговорот на министерката.

Во врска со мерките за справување природни непогоди, Џачка наведе дека Владата и Министерството за одбрана се „поподготвени од било кога во изминатите 30 години, да се справат со вонредни состојби”,додавајќи дека „начинот на кој се справивме со земјотресот во Корча се најзначајните докази за сериозноста на нашата подготвеност”

Сепак катастрофален земјотрес Албанија ја погоди утрото на 26 минатиот месец, кој однесе над 50 човечки животи,со стотици беа повредени а предзвика и огромна материјална штета.

Прочитај повеќе

Вучиќ за авиолинијата Приштина-Белград: Постигнавме договор без да го признаеме Косово

Слободен печат

Околу 3.300 луѓе во БиХ годишно умираат поради аерозагадувањето

Слободен печат

РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА ОДБРАНАТА НА АРКТИКОТ: Тука нема да можат да пројдат хиперсоничните ракети (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакер открил и објавил листа со повеќе од 500.000 кориснички имиња и лозинки

Слободен печат

Локализиран пожарот во Белград

Слободен печат

Тачи за авиолинијата Приштина-Белград: Тоа е чекор напред за односите меѓу Косово и Србија

Слободен печат

Остави Коментар

4 × two =

Прочитај повеќе

Петровска: Постапката за набавка на обрасците е спроведена, а договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Слободен Печат

Кои 12 амандмани ги предлага Путин?

Слободен Печат

САД одбележува ден на борецот за човекови права, Мартин Лутер Кинг

Слободен печат

НОВИ ДЕТАЛИ: Опожарен сплав во Белград (ВИДЕО)

Слободен Печат

Помпео: Треба да се прекине тиранијата на Мадуро

Слободен печат

Спасени дванаесет мигранти кои се обидувале да го преминат Ла Манш

Слободен печат