Сите фирми не може да земат помош за плати: Еве кои можат

Секоја компанија не може да аплицира за финансиска помош за плати за вработените. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска ги соопшти условите под кои фирмите може да побараат помош.

Три месеци пред оној месец за кој се зема помош, приходот на фирмите треба да биде помал за најмалку 30 проценти во однос на истите месеци лани. Бројот на вработените за кои се бара помош треба да биде ист или поголем во однос на август 2020 година, освен во одрдени законски исклучоци. Фирмите не треба да имаат поделено дивиденда или награди заклучно до денот на исплатата на мартовската плата. Работниците за кои се бара помош не може да имаат поголема плата од 39 900 денари во трите претходни месеци. Фирмите кои користеле ослодувања за данок од лилен доход и придонеси не може да аплицираат за помош за плата, а тоа не може да го направат и оние фирми во кои повеќе од 10 отсто од вработените земале плата поголема од 120 000 денари.

Помош за плата не следува и за работник кој е пријавен на дополнително работно време, а за да добијат помош фирмите, во нивните годишни пресметки за 2017, 2018 и 2019 година треба да имаат кумулативна акомулирана добивка пред оданочување помала од 600 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот