Сите единици на локалната самоуправа да воведат ПОС терминали за наплата во рок од една година

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поттикнување на безготовинските плаќања кај единиците на локалната самоуправа, и донесе заклучок на сите единици на локалната самоуправа кои досега немаат воведено ПОС терминали за наплата на општинските услуги, да ја воведат оваа опција за плаќање на нивните услуги најдоцна во рок од една година од денот на усвојување на оваа информација.

Со заклучоците на Владата уште им се препорачува на општините кои користат ПОС терминали за наплата на нивните услуги, да го прошират видот на услугите кои може да се платат безготовински.

– Овие предлог мерки на Министерството за финансии, во соработка со Народната банка за стимулирање на безготовинските и дигиталните плаќања имаат за цел да го трасираат патот кон безготовинско и современо општество, со што се придонесува кон одржување на стабилна економија, финансиска стабилност и здрав, продуктивен, банкарски систем, велат од Владата.

Прочитајте и...  Заев: Крајно време е да најдеме решение за намалување на загубите и отпадот на храна (ВИДЕО)

Оттаму истакнуваат дека намалувањето на употребата на готовина се очекува да влијае и кон намалување на неформалната економија и со тоа поврзаната даночна евазија, бидејќи високата распространетост на готови пари во оптек, многу често е индикатор за присуство на нерегистрирани економски трансакции и може да делува поттикнувачки за неформалната или сива економија, што претставува загуба за економијата во целост.

 

Прочитај повеќе

Во Солун запалено американското знаме, Помпео на Крит на гости кај Мицотакис

МИА Агенција

Еди Рама со фотографија од Лешница ја претстави „прекрасната“ Албанија (ФОТО)

Делови од Карпош и Сопиште утре без струја

Слободен печат

Заев: Крајно време е да најдеме решение за намалување на загубите и отпадот на храна (ВИДЕО)

Слободен печат

Националната платформа повторно падна, учениците не можат да се логираат за пробниот час

Михаило Донев

Макрон во Вилнус ќе се сретне со Тихановскаја

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За командантот на КФОР Риси ЗСО е контроверзно прашање

Слободен печат

Суспендираниот каталонски лидер најави вонредни избори

Слободен печат

Судири на протестот за легализација на абортусот во Мексико Сити

Слободен печат

Воспитувачка од Кина осудена на смртна казна поради труење на 25 деца во градинка

Слободен печат

Во сообраќајката на патот Штип-Радовиш се повредени 17 припадници на Армијата

Слободен печат

Австријците ја „чувствуваат” короната и во финансиска смисла

Слободен печат