Сите Британци ќе имаат пристап до бесплатен брз тест за коронавирус

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Сите граѓани во Велика Британија ќе имаат пристап до бесплатен брз тест за коронавирус, во рамки на програмата на тестирања кои ги спроведува британската влада, пренесува денеска Би-Би-Си.

На граѓаните ќе им бидат понудени два видови на брз тест.

Тестовите кои даваат резултат за околу половина час, веќе се понудени во училиштата, за децата и членовите на нивните фамилии, како и на вработените кои мораат да одат на работа.

Министерот за здравство тврди дека тестовите ќе помогнат во спречување на нови жаришта.

Оние кои се против оваа иницијатива сметаат дека би можело да се покаже дека станува збор за „скандалозно“ расфрлање со пари.

Извор: Би-Би-Си

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот