Сите брендови на „Фолксваген“ го прекинаа огласувањето на Твитер

„Фолксваген“ е последниот производител на автомобили што ја прекина употребата на Твитер, откако социјалната мрежа ја презеде милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек на светот.

Сите брендови на групацијата „Фолксваген“, меѓу кои се „Ауди“, „Ламборгини“, „Бентли“ и „Порше“, ги паузираат платените активности на Твитер, потврди компанијата во средата.

„Фолксваген“ претходно ги советуваше своите брендови да прекинат со секое платено рекламирање на платформата, објави Ројтерс.

„Ауди“ ќе продолжи да одговара на барањата на клиентите, но нема проактивно да објавува или да се рекламира на Твитер, соопшти компанијата.

И неколку други производители на автомобили презедоа слични чекори откако Маск го презеде Твитер кон крајот на октомври. „Стелантис“ го прекина рекламирањето, додека „Џенерал Моторс“ ја суспендира целата активност на Твитер за своите брендови.

Маск се обидува брзо ја реструктуира компанијата откако ја презеде контролата врз неа, отпуштајќи приближно половина од нејзиниот персонал и ажурирајќи ги политиките за проверка на налозите и упатствата за однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот