Сите болни од туберкулоза во државата се хоспитализираат во болницата во Лешок

Јавната здравствена установа специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Лешок” веќе неколку недели претставува своевиден државен центар за сите болни од туберкулоза во земјата.  Поради состојбата со Ковид-19 и извршеното преструктуирање на здравствените установи одлучено е во оваа болница да се згрижат сите болни од туберкулоза за кои е потребно болничко лекување.

-Нашата болница со преструктуирањето на здравствените капацитети работи само со туберкулоза. Сите пациенти што се со туберкулоза од целата држава, што биле сместени во Институтот за белодробни заболувања во Скопје и други медицински установи низ државата се префрлени кај нас. Освен хоспитализираните работи и амбулантанта со пуломолија и алергологија значи дијагностика на бели дробови, функционираат рентгенот и лабораторија. Не се работи спирометрија поради коронавирусот. Нормално персоналот е заштитен со скафандери, ракавици, маски, визири и се што е потребно, изјави директорот на болницата Исмаил Ваити.

Прочитајте и...  Две силни експлозии во Бејрут, има и повредени под урнатите згради (ВИДЕО)

Согласно посебните протоколи сите заболени од туберкулоза се сместени сами во собите.

– Во овие две недели на болничко лекување се девет пациенти. Ние имаме капацитети за повеќе, но сите се сами во собите поради претпазливост и опасноста од Ковид-19. Во текот на дијагностицирањето овие неколку месеци имало суспектни кои сме ги праќале на испитување за Ковид-19 и имало и позитивни случаи. Исто така спефични случаи кај нас се оние резистетни туберколози кај кои лековите не им реагираат, потенцира Ваити.

Три сестри од Лешочката болница од 14 јуни до 4 јули 2020 работеле на испомош во градската општа болница „8 Септември” во Скопје која сега претставува главен Ковид-19 центар каде се хоспитализираат најтешките болни.

Прочитајте и...  Вториот бран на коронавирус во Велика Британија би можел да биде двојно поопасен од првиот

-Тие работеа на принцип на дежурства од по 24 часа и три слободни денови. Задоволни се од престојот и работата, а тамошните колеги се задоволни од работата на нашите колешки. Сега се на 10 дневен одмор по што ќе се вратат на работа во нашата болница, вели директорот на установата.

Од сите вработени во лешочката болница досега пред еден месец една од медицинските сестри била позитивна на Ковид-19 и успешно се излекувала, по што се вратила и на работните обврски.

Прочитај повеќе

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Вучиќ ќе избира меѓу четворица кандидати за нов српски премиер

Слободен печат

Ново промотивно видео за кое ја претставува земјава како врвна дестинација (ВИДЕО)

Слободен печат

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Слободен печат

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат

„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

Слободен печат

СДСМ и понуди на ДПА да биде дел од владината коалиција

Слободен печат

Пад на приходите на „Дизни“ за 42 отсто

Слободен печат

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

Слободен печат