Сите бевме среќни што си замина Роналдо

Германскиот репрезентативец , Тони Крос , одлучи да не ги следи стапките на Кристијано Роналдо и потпиша нов договор со Реал Мадрид до 2023 година. Тој во интервју за „Билд“ вели дека ништо не е исто во Мадрид по заминувањето на Португалецот.

– Невозможно е да не се почувствува отсуството на фудбалер како Кристијано Роналдо. Тој реши толку многу натпревари, ни донесе многу трофеи и сите беа среќни од неговиот допринос. Меѓутоа, по девет години во Мадрид, Кристијано одлучи дека е време за ново искуство, а Реал Мадрид заработи многу пари од неговиот трансфер, така што со неговото заминување сите беа среќни – изјави Крос.

Крос неодамна потпиша нов договор со кој се обрза дека со 2023 година ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“. Што се однесува до иднината, тој во едно е сигурен, нема да игра во САД или во Кина.

– Кога ќе ми заврши договорот со Реал ќе имам 33 години и можеби уште тогаш ќе се пензионирам. Ќе седнам и ќе размислам добро, но знам дека нема да игра во Кина, во САД или во Катар – вели Крос кој со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот