Сите 38 нови пациенти со Ковид 19 се од исти семејства и кластери
Сите 38 новодијагностицирани пациенти со корнавирус, кои Институтот за јавно здравје ги евидентираше денеска, се од исти семејства и од познати кластери, велат од Министерството за здравство за ,,Слободен печат”.
Оттаму на нашето прашање дали има нови кластери, одговорија негативно.
,,Во врска со новите 38 пациенти со Ковид 19 од денеска, се работи за познати кластери , од исти семејства. Во моментов ги имаме податоците по општини во градот Скопје”, посочија од Здравство.
За Скопје, каде се регистрирани 24 нови случаи на Ковид 19, познато е дека четворица пациенти се од Бутел, седуммина од Сарај, по тројца од Чаир и од Аеродром, двајца од Шуто Оризари и од Студеничани, и по едно лице од Гази Баба, Карпош и Кисела Вода.