Сите 27 членки на ЕУ дале целосна поддршка за новата методологија за пристапни преговори

Европска унија /Фото: Миа

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, на прес-конференцијата по денешниот Совет за општи работи на ЕУ, посочи дека сите 27 земји членки дале целосна поддршка за новата методологија на ЕУ за пристапни преговори.

– Новиот пристап беше поздравен од сите земји членки, слушнав поддршка од сите земји кои интервенираа – изјави Шефчович.

Тој истакна дека на денешниот совет станало збор за отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија како и за поголемо присуство на ЕУ на западниот Балкан, економскиот развој на регионот и фокус врз владеењето на правото.

Хрватската државна секретарка за европски прашања, Андреја Метелко-Згомбиќ, која претседаваше со денешниот совет нагласи дека за Хрватска е важно процесот на ревизија на методологијата и отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија да одат паралелно.

– За Хрватска е важно двата процеса да останат паралелни за да се создадат услови за напредок и да дојдеме до договор за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ќе бидеме многу активни на ова поле, изјави државната секретарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот