Сите 120 пратеници ќе гласаат Бугарите да влезат во Уставот, уверена е заменичката на министерот за правда

Викторија Мадиќ
Викторија Мадиќ / Фото: Скриншот, Фејсбук

Приоритет за ЕУ се реформите, но патот кон ЕУ ќе се отвори само со уставните измени, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето на Телма. Таа рече дека веќе нема простор за калкулации и веднаш треба да се формира работната група за уставните амандмани.

Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува. Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт-амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.

Работната група за измени на Уставот треба да биде формирана до крајот на следната недела. Приоритет на оваа работна група ќе биде внесувањето на Бугарите и другите заедници во Уставот, но има простор и за дебата за прашањата кои постојано се појавуваат секогаш кога има најави за измена на Уставот, рече вечерва во Топ тема заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ.

Таа рече дека веќе се разговара со еминентни професори по уставно право во консултација и координација со Министерството за правда, Владата и претседателот на државата.

Тоа се познати експерти кои во држававва веќе придонеле во измена на Уставот, учествувале веќе во такви работни групи и кои најдобро знаат што е она сега најдобро за Македонија. Во моментов единствен фокус и цел на оваа работна група ќе биде Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите заедници, рече Аврамовска – Мандиќ, свесна дека секогаш кога се отвора Уставот, почнуваат да се отвараат и „други одредени теми“. Таа ги повика граѓаните да имаат верба во овој процес.

Во моментов се носи една државничка одлука. Никаква штета нема да се нарпави со внесување не само на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите заедници. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот, праша Аврамовска – Мадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот