СИРИЗА: Владата наместо да испрати порака за поддршка на Договорот од Преспа, се фали дека е оправданo што не ги ратификува Меморандумите

Потпишување на преспанскиот договор Фото: Архива на „Слободен печат“

Господинот Мицотакис преку неговиот портпарол, наместо да испрати јасна порака за поддршка на Договорот од Преспа, се фали дека наводно е оправдан што веќе две години го поткопува Договорот,со нератификувањето на Меморандумите, соопштуваат од грчката опозициска партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Соопштението доаѓа по ставот на портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој на вчерашниот брифинг со новинарите, рече дека нивниот избор да не брзаат со ратификација на Меморандумите со Северна Македонија „се покажува како правилен, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа”.

– Господинот Мицотакис преку неговиот портпарол, наместо да испрати јасна порака за поддршка на Договорот, се фали дека наводно е оправдан што веќе две години го поткопува, со нератификувањето на Меморандумите, во период на дестабилизација на Владата на Заев што ја прифати промената на уставното име на Северна Македонија, и додека неговите истомисленици, оние од ВМРО, се закануваат дека ќе ги вратат името Македонија без придавка и иредентизмот, соопштуваат од СИРИЗА.

Додаваат дека меморандумите „обезбедуваат воздушниот простор на соседната земја да го надгледуваат грчки воени авиони” и порачуваат дека „Владата на Мицотакис, не е опасна само за јавното здравје, туку и за надворешната политика на земјата”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот