СИРИЗА: Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери

Фото Архива на СП

Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ, коментираат попладнево од прес-центарот на грчката опозициска партија СИРИЗА, по најавата на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори, jави дописничката на МИА од Атина.

„Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа“, коментираат од СИРИЗА.

Со соопштение излезе и Грчко решение, малата десничарски ориентирана партија која што е дел од грчкиот Парламент, во кое велат дека по изјавата на Заев и ветото од Франција произлегуваат неколку заклучоци меѓу кои и дека „СИРИЗА и НД го отстапија името Македонија, а ЕУ ја спаси честа”, дека договорот од Преспа се поништува, но и дека „Скопјаните одржаа лекција по демократија” со изборите. Од партијата бараат да се одржи лидерска средба во Грција околу Договорот од Преспа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот