СИРИЗА ја обвини Владата дека ги претвора островите во затвори за барателите на азил

Со мерките што денеска ги соопшти владата, ниту ситуацијата на островите ќе се подобри, ниту условите за бегалците и мигрантите ќе станат подобри, велат од грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на објавениот оперативен план на владата за справување со бегалското и мигрантското прашање и додаваат дека со мерките, островите ќе бидат претворени во затвори, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението, од СИРИЗА ја обвинуваат владата дека доцни четири месеци со програмата за прераспределување, „создавајќи хаос на островите, а барателите на азил да достигнат до 37. 000, од 15. 000 на почетокот на јули”.

-Владата тврди дека решението се затворени центар за притвор од 5.000 лица. Островите ги претвора во затвори каде ќе бидат затворени сите баратели на азил, семејства и малолетни лица. Така, затворањето се претвора од последна мерка во општо правило. Односно кршејќи ги основните одредби на меѓународното и европското право, но освен тоа, полнењето на нашите острови со затвори создава уште поголема опасност од тензии, соопштуваат од СИРИЗА.

Прочитајте и...  Од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба

Од грчката опозициска партија, ја повикуваат владата да вработи службеници и преведувачи, веднаш да префрли 20. 000 лица од островите, да ја притисне ЕУ за да и наметне на Турција да ги исполни обврските од договорот и „конечно да ги остави зборовите и да премине на дела, секогаш почитувајќи го меѓународното право”.

Реакцијата од СИРИЗА доаѓа по објавениот план на владата да се затворат постоечките бегалски кампови на пет острови и на нивно место да се изградат нови, затворени центри (за лицата што не добиле азил и кои ќе треба да бидат депортирани), како и центри за прием и идентификација.

Прочитај повеќе

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

МИА Агенција

Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Во Црне Гора вкупно 84 лица инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска сончево со умерена облачност

Горан Наумовски

Три нови случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 91 заразен

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Обвинителството ја истражува смртта на стружанката, која почина од Ковид-19

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат