Сириските бунтовници: Личната слобода ќе биде темел на изградбата на цивилизирана нација
Сириските бунтовници кои го соборија претседателот Башар Асад рекоа дека нема да наметнуваат никаков религиозен кодекс на облекување на жените и ветија дека ќе гарантираат лична слобода за сите, објавија светските медиуми.
Строго е забрането вмешување во облекувањето на жените или наметнување какви било барања во однос на нивниот изглед,“ стои во соопштението на Генералната команда на бунтовниците.
Тие истакнаа дека личната слобода ќе биде темел на изградбата на цивилизирана нација. Лидерот Абу Мохамед ал Голани, кој влезе во Дамаск, изјави дека се залага за плурализам и толеранција.
Инаку, Голани, водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД ја сметаат за терористичка организација, долго време се обидува да го промени својот имиџ, јавно се откажа од врските со Ал Каеда и се обидува да се претстави како прагматичен и толерантен лидер.