Сирискиот претседател Асад го прекина говорот, не му беше добро

Фото: EPA / SANA

Држаните медиуми ретко известуваат за здравјето на 55-годишниот сириски претседател кој авторитарно владее со земјата.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во средата на неколку минути го прекина говорот пред пратениците, зошто не му беше добро поради нискиот крвен притисок, поради што нормално продолжи, објави сириската дежавна телевизија.

Говорот кој требаше да се одржи околу пладне ќе биде прикажан на телевизија во целост во 18.30 часот по локално време.

Телевизијата не објави други детали.

„Тоа беше последица на помал пад на крвниот притисок по што претседателот нормално го продолжи говорот“, објави телевизијата.

Државните медиуми претходно во текот на денот најавија дека Асад ќе одржи говор пред пратениците откако минатиот месец се одржаа парламентарни избори за кои опозицијата и независните набљудувачи тврдат дека се фарса во земјата со која владее партијата Баас.

Држаните медиуми ретко известуваат за здравјето на 55-годишниот сириски претседател кој авторитарно владее со земјата во која речиси 10 години беснее војна во која загинаа стотици илјади лица, а милиони се прогонети и расселени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот