Сирискиот претседател Асад: Ердоган е крадец

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го нарече „крадец”.

Асад изјавата ја даде при првата посета на делови од провинцијата Идлиб, што сириската војска ја поврати од бунтовниците кои имаат поддршка од Турција.

Сириските државни медиуми прикажаа слики од Асад меѓу сириските војници во стратешки важната територија на југот од Идлиб.

При оваа посета Асад својот турски колега го нарече „крадец кој ограбуваше фабрики, пченица и гориво, а денеска краде територија”, мислејќи на неодамнешната турска инвазија на североистокот од Сирија, со цел од неа да ги протера курдските борци.

Турција изведуваше и други упади во Сирија и контролира територија источно од Идлиб. Во оваа провинција има набљудувачки пунктови, од кои го надгледува примирјето меѓу владините сили и бунтовниците и џихадистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот