Сириски владини авиони бомбардирале две села под контрола на бунтовниците

epa06908371 A Syrian air force's fighter jet drops bombs on the Syrian side of the Golan Heights at the village of Sayda al-Golan in the southeastern Quneitra province, as seen from the Israeli side of the border, 24 July 2018. Media reports that a Syrian Army's Sukhoi warplane was shot down by Israeli missiles after entering two kilometers inside Israeli airspace, and crashed into the Syrian territories. EPA-EFE/ATEF SAFADI

Центарот соопшти дека во судирите загинале 22 бунтовници и 19 сириски војници.

Воените авиони на сириските владини сили бомбардираа неколку села под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, што е  прв ваков потег откако пред три месеци во сила стапи примирјето постигнато со турско-рускиот договор, со кој во голема мерка се прекина конфликтот во земјата.

Претходно, според опозициските активисти, бунтовничките сили кратко време зазеле неколку позиции во северозападна Сирија, кои дотогаш биле под контрола на владата.

За време на конфликтот се убиени повеќе од 40 борци од двете страни.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија информира дека владините сили подоцна почнале контранапад со поддршка на руската авијација, преземајќи ја контролата врз претходно загубените села Фатра и Манара.

Центарот соопшти дека во судирите загинале 22 бунтовници и 19 сириски војници.

Британските медиуми, повикувајќи се на извештаи на очевидци, јавуваат дека воздушните напади ги зафатиле селата во регионот Џaбал ал Завија, во јужната провинција Идлиб, и два града во долината Сахел ал-Хааб, западно од провинцијата Хама.

Медиумите наведуваат дека стотици цивили избегале, плашејќи се од големите воздушни напади на последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Турција ги поддржува опозициските борци, кои се обидуваат да го соборат од власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот