Сириски сили влегле во град во близина на границата со Турција

Сириски владини сили влегле во Тал Тамр, град во северниот дел на земјата во близина на границата со Турција, за да „се спротивстават на турската агресија”, објави сириската новинска агенција Сана.

Жителите на Тал Тамр, кој се наоѓа на околу 20 километри од границата со Турција, го поздравија доаѓањето на сириските сили, јавија светските агенции.

Во извештаите не се наведува од која област дошла сириската армија во градот.

Курдската администрација во северна Сирија претходно објави дека е постигнат договор со Владата во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара.

– За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со сириската Влада според кој сириската армија може да се распореди долж сириско-турската граница за да им помогне на Сириските демократски сили (СДФ) – објави курдската администрација на својот профил на Фејсбук.

Во соопштението Курдите наведуваат дека договорот со Дамаск отвора пат за ослободување на другите сириски градови кои ги окупира турската армија, како Африн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот