Сириски курди се ЗАКАНИЈА: Сите опции се отворени ако се нападне Сирија

Портпаролот на Сириските демократски сили предводени од Курдите, Кино Габриел изјави дека „сите опции се отворени” доколку Турција ја нападне североисточна Сирија.

Габриел рече дека борците предводени од Курдите ќе ги искористат сите свои можности за да возвратат.

– Курдските сили ја оставаат вратата отворена за соработка со сириската влада или други регионални сили во одбрана на областа, рече Габриел, без да прецизира детали.

Според него, силите во Сирија предводени од Курдите, контролираат околу 30 отсто од земјата.

Габриел додаде дека моментално нема контакти со сириската влада.

Претходно, локалните власти предводени од Курдите во североисточна Сирија повикаа на „сеопфатна мобилизација” на турската граница, додека Анкара трупа сили во пресрет на очекуваната инвазија.

Прочитајте и...  Комисијата за заразни болести предлага укинување на полицискиот час и отворање на угостителските објекти и границите

– Ги повикуваме нашите луѓе, сите етнички групи, да се преселат во области поблиску до границата со Турција за да спроведат активности за отпор во ова чувствително историско време, соопшти локалната власт позната како Автономна администрација на северна и источна Сирија.

Тие ја повикаа меѓународната заедница да ги исполни своите обврски, бидејќи „на народот во североисточна Сирија може да му се случи хуманитарна катастрофа”.

Високиот турски функционер, Фахретин Алтун рече дека турската армија заедно со сојузничките бунтовници „наскоро ќе преминат во Сирија”, откако претседателот Доналд Трамп најави повлекување на американската војска од таа област.

Анкара ги смета курдските борци во Сирија, кои се бореа со американските сили против Исламската држава, за терористи блиски до забранетите курдски движења во Турција.

Прочитајте и...  Нов случај на пренос на коронавирус од животно на човек ја вознемири Холандија

Прочитај повеќе

Грипот прво навали, па чудно го снема кога почна пандемијата

Одложувањето на вакцинацијата носи ризик за детето и од други болести

Чантата „Луј Витон” (не) била вратена кај Јордан Камчев

Слободен печат

Тепиќ: Го пријавив во Интерпол „исчезнувањето” на српскиот Републички јавен обвинител Загорка Доловац

Слободен печат

МЗ: Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на Ковид-19

Слободен печат

Нови цени на горивата: Цената полека се враќа на периодот пред нафтената криза

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ципрас: Одговорноста за длабоката рецесија „лежи“ кај владата

Слободен печат

Нови 16 заболени од коронавирус, три лица починаа, 14 се излечени

Слободен печат

Коронавирусот е адаптиран да инфицира луѓе: Дали тоа е случајност или е виновен човечки фактор?

Слободен печат

ЕК: За развој на вакцина и лекови собрани 9,5 милијарди евра

Слободен печат

Експертите предупредуваат: Носењето маски кај деца под две години може да биде опасно

Слободен печат

Бурниот викенд во Милано донесе нова забрана за граѓаните (ФОТО)

Слободен печат