Сириски државјанин пронајден починат на патот кон планинскиот врв Кобилица

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Во СВР Тетово вчера околу 11.00 часот планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело.

Екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.

Прочитајте и...  Во Швајцарија ќе бидат погребани таткото и синот од струмичко кои беа убиени на тамошна фарма

Прочитај повеќе

Парични казни за 20 обвинети од Прилеп

Воз се излизга од пругата кај Миравци

Горан Наумовски

Двајца повредени во сообраќајка кај Ќафасан

Горан Наумовски

Во Швајцарија ќе бидат погребани таткото и синот од струмичко кои беа убиени на тамошна фарма

МИА Агенција

Два случаи на семејно насилство во Штип

Кривична за двајца кичевци

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Десет струмичани казнети од судот по 3.000 евра за непочитување на забраната за движење

Парична казна за кумановец заради непочитување на самоизолација

Слободен печат

Парични казни за 9 лица од Гостивар – се возеле за време на полициски час

Слободен печат

Стружанец крадец во време на полициски час

Двајца мажи се шетале низ Куманово додека важел полицискиот час

По 3,5 години затвор за Аљими и Гури