Сириската армија обвинува: Турската војска директно учествува во акциите на терористичките групи

Фото: EPA-EFE/STR

Турската армија директно учествува во акциите на терористичките групи што ги поддржува во близина на градот Саракиб во провинцијата Идлиб, соопшти денеска сириската армија.

Во соопштението се вели дека сириските владини сили ги одвраќале нападите на милитантите и турските сили во областа.

Се истакнува и дека милитантите и Турција не ја постигнале целта во Саракиб, поради што Анкара се фокусира на „наводните големи загуби на сириската војска, што не е точно” и се додава дека сириската армија им нанесува значителни загуби на непријателските сили.

Тензиите во Идлиб ескалираа утрово кога Анкара соопшти дека во напад на сириските владини сили загинале 33 турски војници, додека Турција како одговор нападнала повеќе од 200 сириски воени цели.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека милитантите од терористичката организација Џабхат ал-Нусра, која е забранета во Русија, се обиделе да почнат голема офанзива на Идлиб, и оти турските војници кои се нашле под ударот на сириската армија биле меѓу милитантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот