Сирија: Турција грубо го прекршува меѓународното право

Сириското Министерство за надворешни работи го осуди планот на Турција за упад на североистокот на Сирија и тој чин го нарече „грубо прекршување” на меѓународното право и истакна дека на тоа ќе одговори со сите средства.

Во соопштението, пренесено од американските медиуми, сириското МНР обвини одделни курдски групи за актуелните случувања во тој дел од земјата, кои кажале дека користеле помош од наводниот „американски проект“.

Министерството наведува дека Сирија е подготвена да „ги прифати своите заблудени синови доколку се вратат“, алудирајќи на проамериканските курдски борци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот