Сирија: Најмалку 15 жртви во напади во Идлиб

Опозициската Сириска организација за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека пазарот и индустриската област биле полни со луѓе во моментот на нападот и исто така нагласи за 15 загинати лица.

Најмалку 15 лица загинаа денеска во воздушен напад на сириските владини сили врз пазар и индустриска област во Идлиб. Тоа го изјавија активисти на опозицијата.

Насилството во Сирија продолжи, иако договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Русија и Турција минатата недела, стапи во сила.Москва и Анкара се посредници што поддржуваат спротиставени страни во конфликтот.

Волонтерот на Сириската цивилна одбрана Јахја Абу ал-Џаман изјави дека 15 лица загинале во попладневниот напад и 65 се повредени, повеќето од нив во критична состојба.

Опозициската Сириска организација за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека пазарот и индустриската област биле полни со луѓе во моментот на нападот и исто така нагласи за 15 загинати лица.

Прочитајте и...  Започната истрага против десничарски политичари во Германија кои делеле расистички боенки

Тие тврдат дека биле извршени воздушни напади и во други делови на провинцијата Идлиб, вклучувајќи најмалку 42 напади на руската армија и 33 напади на сириските владини сили.

Русија е главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад во сириската граѓанска војна, додека Турција силно поддржува некои од бунтовничките групи.

Идлиб е контролиран од бунтовници, вклучувајќи ги и опозициските групи поддржани од Турција и екстремистите на Ал-Каеда, најсилни во областа со три милиони цивили.

ОН соопштија дека најмалку 300.000 луѓе биле раселени поради насилствата во областа во декември.

Повеќе од 400.000 луѓе се убиени во сириската граѓанска војна, што почна во март 2011 година.

Прочитај повеќе

Коронавирусот ја зема првата жртва во Јужна Кореја

МИА Агенција

Избрано идејното решение за спортската сала Партизан

Слободен печат

Адеми: За период од две години платите на наставниците се зголемени за повеќе од 21 процент

Слободен печат

НЕСРЕЌА ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца загинати, повеќе повредени откако воз излета од шини кај Мелбурн

Слободен печат

Додик повторно се закани со РС-егзит и побара исполнување на барањата

МИА Агенција

Српското собрание денеска ќе расправа за Договорите од мини-шенгенот меѓу Северна Македонија и Србија

Слободен печат

Остави Коментар

оне × 1 =

Прочитај повеќе

Путин: САД помогнаа во спречување на терористички напад во Санкт Петербург

Слободен печат

Чулев ги откри деталите во врска со вчерашната акција во Крушопек (ФОТО+ВИДЕО)

Војислав Мојсовски

Меркел: Расизмот е отров

Слободен печат

Заев: Наградата е значајна затоа што ги потврдува прогресивните и европски политики кои градат траен мир

Слободен печат

Започнува клучниот ЕУ самит за буџетот, можно е да трае повеќе од два дена

Слободен печат

ЈСП ќе воведе дополнителен број автобуси за Задушница

Слободен печат