СИРИЈА И ОДГОВОРИ НА ТУРЦИЈА: Истрелани три проектили во турски пограничен град

Фото: Профимедиа

Три проектили истрелани сириска територија паднаа во турскит пограничен град Акчакале во округот Шанлаурфа, јави Си-Ен-Ен-Турк.

Се уште нема информации за жртви, предизвикана е само материјални штети врз неколку куќи во градот.

Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот” во северна Сирија насочена против курдските борци од Силите за заштита на народот.

Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14 октомври заради воената операција.

Во меѓувреме турески копнени единици денеска навлегоа во околината на сирискиот пограниечн град Тал Абјад. Според туски медидуми, турските сили воспоставиле контрола врз четири села – Табатин, Мешрефи, Бир Ашак и Хави. Движењето на турските сили кон Тал Абајад почна синоќа од четири позиции.

Според весникот „Милиет”, во мометот во градот Тал Абјад и околината не се забележани сириски курдски борци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот