Сирија ги поддржа иранските напади врз базите на САД во Ирак

Фото: Профимедиа

Сириската влада изрази целосна поддршка за Иран, велејќи дека Техеран има право да се брани „поради заканите и нападите на САД“.

Министерството за надворешни работи преку соопштение информираше дека „американскиот режим сноси одговорност за сите последници поради нивните политики и арогантен менталитет“.

Изјавата доаѓа после нападот на Иран, кои со над 20 ракети стрелаа кон базите на САД во Ирак, во знак на одмазда за убиството на генералот Касим Сулејмани.

Сирија е најголемиот сојузник на Иран во арапскиот свет, додека Техеран има испратено илјадници војници за да го подржат претседателот на Сирија, Башар ал-Асад во војната во Сирија, пишува „AP“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот