Сирија ги осуди американските напади во истокот на земјата

epa06685042 Smoke and dust rise from Islamic State-held Hajar al-Aswad neighborhood following government strikes in the south of Damascus, Syria, 22 April 2018. According to official media sources, the Syrian army targeted Islamic State fighters and allied militants at al-Hajar al-Aswad neighborhood south Damascus with airstrikes, artillery and rocket attacks. The bombardment also targeted the dens of militants in the nearby Yarmouk Palestinian refugee camp. EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI

Сирија денеска ги осуди воздушните напади на САД врз објекти за кои Пентагон вели дека припаѓаат на проиранската милиција, опишувајќи ги како негативен показател за политиката на новата американска администрација.

Американската акција беше изведена како одговор на неодамнешните ракетни напади на американски цели во Ирак. Пентагон соопшти дека нападот е одмазда за ракетниот напад извршен во текот на месецов, во кој беше убиен еден цивилен изведувач, додека еден американски војник и неколку припадници на коалиционите трупи беа ранети, пренесува Гласот на Америка.

Сириското Министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за „кукавички” напад против меѓународното право и предупреди дека тоа ќе доведе до ескалација во регионот.

Американската војска изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот Џо Бајден. – По наредба на претседателот Бајден, американските воени сили извршија воздушни напади врз инфраструктурата што ја користат екстремистички групи поддржани од Иран во источна Сирија, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Најмалку 17 лица загинаа во нападите, соопштија денеска сириски извори, додека припадник на проиранската милиција изјави дека еден од нивните членови е убиен, а неколкумина се ранети.

Овој напад е прва американска воена акција откако администрацијата на новиот претседател Џо Бајден ја презеде функцијата. За време на претходната администрација, предводена од Доналд Трамп, нападите и контрнападите доведуваа до зголемување на тензиите, кои кулминираат со американското убиство на иранскиот воен лидер Касем Сулејмани и иранскиот напад врз балистички ракети на американската војска во Ирак минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот