Сирењето и виното се совршен пар при вистинска средба

Кој тип на сирење со какво вино „оди“ за вистинско уживање.

Кравјото, овчото, козјото или мешаното сирење, тврдо или меко, младо или старо – тоа е совршен партнер на виното, бело или црвено, суво или слатко, ароматично или не, младо или „отстоено“, пенливо или „мирно“.

За совршено да се спојат сирењето и виното при дегустација, за да го извлечеме максимумот од овој пар, од секој поединечно, потребно е да следиме неколку правила. Прво, треба зрелоста на виното да биде во хармонија со зрелоста на сирењето. Второ, треба да се совпадне интензитетот на нивните миризби и вкусови.

Младите сирења содржат повеќе вода и имаат понежна млечна структура и нив најдобро им одговараат свежите бели или црвени вина со овошна арома, сувите розе вина и лесни суви пенливи вина.

Класична француска комбинација се козјото сирење и младиот „Совињон блан“, додека Италијанците истото вино ќе го послужат со моцарела.

Старите сирења со посилен и побогат вкус сомелиерите поинаку ги спаруваат. На пример, полномасните меки сирења, какви што се сирењата „бри“ или „камемберт“, се послужуваат со црн „пино“ или со посилни пенливи вина.

Тврдите сирења како „ементалер“ се послатки па оттука најдобро се комбинираат со лесни црвени вина со овошне вкус. Плавите сирења од типот на „горгонзола“ или „рокфорт“ одлично се комбинираат црвените вина од типот на „мерло“.

На сирењата „гауда“ и „едамер“ им одговараат вината ризлинг и траминец со помал процент на шеќер бидејќи соленото и слаткото убаво се сложуваат во спарувањето на храна и вино.

На тврдото сирење пармезан одлично му одговараат силните вина  од типот на каберне совињон.

Сирењето често се послужува со овошје и при тоа треба да се следат правилата на спарувањето со виното. На младите сирења им одговара сочно овошје. На солените сирења – слатко и суво овошје, додека на тврдите сирења – овошје со интензивна миризба.

Играта со сирењето, овошјето и виното е прекрасна и возбудлива, бара малку фантазија и вежбање, но дава големо задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот