Синсинати: Ѓоковиќ против Агут покажа зошто е најдобар на светот! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

После скоро три часа игра на теренот во Њујорк (САД), најдобриот светски тенисер успеа во полуфиналето да го елиминира 12 носител Роберто Баутиста-Агут.

Светскиот ас триумфираше против Шпанецот со резултат 2:1 во сетови 4:6, 6:4, 7:6 (6:0). Ѓоковиќ во третиот сет имаше 5:2, но неговиот противник се врати и дури да поведе со 6:5 во гемови.

Во еден крајно драматичен меч тежок и за двајцата тенисери, Ноле повторно мораше да се враќа,а во тај-брејкот не му дозволи ниту еден поен на Агут.

В недела во големото финале на Мастерс турнирот во Синсинати, Ѓоковиќ ќе игра против Милош Раонич, Канаѓанецот во првата полуфинална пресметка беше подобар од Гркот Стефанос Циципас со 7:6 (5:0) и 6:3.

Ѓоковиќ на сите досегашни меѓусебни дуели триумфираше против Раонич. За Србинот ова ќе биде 51 финале на Мастерс турнирите, ќе игра за 35. Мастерс титула, а 80. во неговата кариера.

Во женска конкуренција за титулата ќе играат Јапонката Наоми Осака и Викторија Азаренка од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот