Синот на Синди Крафорд оди на лекување од дрога! (ФОТО)

Младиот манекен, Присли Гербер (20), уште попознат како син на славната актерка и модел Синди Крафорд (54) и Ранде Гербер (57), забележан е како оди во клиника за одвикнување и тестирање на дрога во Малибу, и тоа во период кога растат шпекулациите за тоа дека неговото семејство станува сè позагрижено за него.

20-годишниот Гербер, кој неодамна го тетовираше зборот „misunderstood“  што значи „несфатен“ на десниот образ, се обиде да помине незабележано криејќи го погледот, меѓутоа камерите го фатија пред самата клиника.

Фото: Профимедиа

Во клиниката помина 10 минути пред да излезе надвор за да си купи сендвич и шише вода, по што повторно се врати во клиниката, каде остана подолго време.

Инаку, за потсетување, Присли, поради возење под дејство на дрога и опојни средства беше уапсен кон почетокот на 2019 година.

Неговите родители од тој ден се обидуваат да му помогнат на секој можен начин.

Во јуни истата година манекенот беше запрен од страна на полицијата при возење со 0,8 промили алкохол во крвта, па во таа прилика службените лица му одредија одвикнување, условна казна и два дена општокорисна работа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот