Синот на Синди Крафорд на лицето го истетовира зборот „несфатен“: Неговиот одговор зошто го направил тоа е прилично конфузен (ВИДЕО)

Пресли Гербер, 20-годишниот син на Синди Крафорд е веќе популарен во модниот свет. Деновиве е во центар на вниманието поради тетоважата што се наоѓа на неговиот образ, точно под десното око.

На прашањето зошто го истетовирал зборот „несфатен“, Пресли одговорил:

„Не знам како се чувствував. Не сте во мојата глава. Изгледа дека чувствувам дека сум несфатен, веројатно. Ако мислев дека ова ќе ми го „расипе“ лицето, или да не го сакав ова, немаше да го направам. Мислам дека тоа е прилично очигледна работа“, рекол тој. „Овде пишува несфатен, бидејќи така се чувствував целиот мој живот“.

Досега ниту еден позитивен коментар не стигнал на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

Thanks homie ? @jonboytattoo

A post shared by Presley Gerber (@presleygerber) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот