Синот на Шварценегер е негова копија! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Жозеф Баена изгледа идентично како неговиот татко Арнолд Шварценегер во младите денови. Тоа го заклучија пријателите на младиот бодибилдер откако тој објави полу-гола фотографија во која го покажува своето фит тело.

22-годишниот Жозеф вредно вежба во теретана како би имал со што да се пофали и не се срами тоа да го сподели со обожавателите.

„Ист татко ти!“, „Каков татко, таков син“ и „Ова е плукнат Арнолд од млади денови“ беа само некои од коментаририте на неговите пријатели.

Секако, тато Арнолд е горд на трудот на неговиот син во теретана и што Жозеф одлучил да ги следи неговите постапки, пренесува порталот HollywoodLife.

Исто така, Жезеф за роденденот на Арнолд објави заедничка фотографија од теретана во која откри дека татко му е негов најдобар партнер во тренинзите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот