Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои ЛШ (ВИДЕО)

фото: твитер

Играчите на Барселона успеаја да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите после победата против Наполи.

В петок (14. август, 21.00 часот) каталонскиот клуб го очекува новиот предизвик во елитното натпреварување, на стадионот „Да Луж“ во Лисабон ќе ги одмери силите против Баерн Минхен.

Пред заминувањето за Лисабон во центарот на вниманието се најде синот на тренерот на Барса, Кике Сетиен. Неговиот син Ларо Сетиен отпатувал на нивниот ранч каде е познато дека Сетиен поминува доста време.

Тој на Инстаграм објави видео како ги посетува кравите и воедно ги праша дали Барселона оваа сезона ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Тие тоа го знаат и ми рекоа дека ја освојуваме Лигата на шампионите – порача синот на Сетиен по пат на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот