Синот на пратеничката Мира Стојчевска: Од морални причини се повлекувам од ЕЛЕМ

Синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор Стојчевски, најави дека ќе даде отказ од ЕЛЕМ.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека не бил јавна личност и поради тоа не сакал неговото име да се провлекува во јавноста и дека отказот ќе го достави во вторник.

„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера. Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста. Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, напиша Стојчевски на „Фејсбук“.

Ваквата постапка на Стојчевски следува откако Антикорупциската комисија го обелодени целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции. За вработувањата на сопругот, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, утврдени беа индиции за непотизам само во случајот за вработувањето на нејзиниот син Виктор.

На врвот на листата на случаи на непотизам на ДКСК се најде пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, кој неделава најави дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот