Синот на Осама бин Ладен ОФИЦИЈАЛНО Е МРТОВ – Потврди американскиот министер за одбрана (ВИДЕО)

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја потврди смртта на Хамза Бин Ладен, еден од синовите на убиениот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, за кој известија на крајот на јули светските медиуми.

На прашањето за смртта на наводниот наследник на чело на Ал Каеда, Еспер не изнесе детали за операцијата во која тој бил убиен, пренесува Хина.

– Не ги знам деталите. Да ми беа познати, би ги споделил со вас – рекол новиот шеф на Пентагон.

Американските медиуми објавија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД учествувале во операцијата за негова елиминација, но неговата смрт никогаш не беше јавно потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот