Синот на Михаел Шумахер стигна и до Формула 1!

Фото: твитер

Формула 2 возачите Мик Шумахер и Калум Ајлот ќе бидат дел од тркачкиот Формула 1 викенд во Германија, поточно на првиот тренинг за екипата на „Алфа Ромео“ односно „Хас“.

Мик Шумахер е синот на Ф1 легендата Михаел Шумахер, член на возачката академија на Ферари (ФВА) и моментно е водечки во шампионатот на Формула 2 во кој до крајот остануваат уште две трки.

Колегата на Шумахер од ФВА исто така оваа година ќе настапува во официјалниот дел на Формула 1. Ајлот покрај Шумахер ќе има настап на патеката Нирбургринг, возејќи за екипата на „Хас“ на првиот тренинг.

Рускиот возач Роберт Шварцман можност за настап ќе има на последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби исто така на првиот тренинг.

– Пресреќен сум што добив можност да настапам на слободен тренинг. Фактот дека моето прво учество во Формула 1 ќе се одржи пред домашна публика во Нирбургринг го прави овој момент уште посебен – рече младиот Шумахер, а пренесува сајтот на Ф1.

Тркачкиот викенд на патеката во Германија ќе се вози од 9-11 октомври 2020 година.

Германски невролог нема многу оптимистички вести за состојбата на Шумахер: Тој е буден, но тоа е највеќе што може да направи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот