Синот на Марина Туцаковиќ ја вознемири јавноста: Помош! Мајка ми има тешко гушење. Службата на терен може да дојде само во два часот!

Фото: Принтскрин / Youtube - Instagram

Авторката Марина Туцаковиќ, која веќе неколку години се бори со рак на дојка, неодамна отворено зборуваше за искуството со болеста и како ја поднесува хемотерапијата.

„Како која. Дека е лесно, не е лесно, ама не е ни страшно. Сега сум на десеттата“, изјави за српските медиуми познатата авторка на бројни хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PRess Serbia (@pressserbia)

Една од најпознатите авторки на бројни хитови на големите ѕвезди на Балканот, Марина Туцаковиќ, со години се бори со рак, а нејзиниот син Милан Радуловиќ вчера на својот твитер-профил побара помош од своите следбеници.

„Помош! Мајка ми има тешко гушење. Службата на терен може да дојде само во два часот, што може да биде доцна. Таа не сака да оди кај во ковид центарот. Има ли некој број од експерти што би можеле да ја слушаат што е можно поскоро. Ние сме во Белград“, напиша тој.

По некое време, тој ги извести своите следбеници дека пронашол техничар.

„Ви благодарам на сите“, напиша тој.

Синот на Марина редовно ги известува своите следбеници за нејзината состојба и објавува нејзини фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот