1.1 C
Скопје

Синот на легендарниот Петар Наумоски ќе игра за МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со напорите да ги има во своите редови најталентираните македонски кошаркари во моментов, поради што денеска беше потпишан две ипол годишен договор со Михаил Наумоски (17 год, 205 см), кој во клубот доаѓа од белградска Црвена Звезда.

Станува збор за крилен кошаркар, кој без проблеми ги „покрива“ позициите три и четири и кој е досега има играно уште за Вардар и за турски Галатасарај.

Михаил е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски, кој при крајот на кариерата одигра една полусезона и тоа пред точно десет години.

– Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај – вели Наумоски јуниор.

Прочитајте и...  Бабиќ: Одличен потег беа подготовките во Хрватска, младите добро се претставија

Според договорот, талентираниот Михаил сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што од него очекуваме голема помош во борбата за задржување на прволигашкиот статус, а потоа ќе добие „прекоманда“ во првиот тим за кој ќе настапува во следните две сезони.

Поврзани вести

Барселона не им ги исплатила платите на фудбалерите за декември

Слободен печат

Тухел и официјално нов тренер на Челси

Слободен печат

Неверојатниот Јокиќ го чека супер максимален договор

Слободен печат

Шкендија ремизираше, Македонија ЃП поразена на подготовките во Анталија

Слободен печат

Се надевам дека навивачите ќе му простат на Ѓоковиќ

Слободен печат

Бабиќ: Одличен потег беа подготовките во Хрватска, младите добро се претставија

Слободен печат

Остави Коментар