Синот на Хашим Тачи повреден во сообраќајна несреќа на Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Синот на претседателот на Косово Хашим Тачи, Ендит Тачи повреден е денеска во сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац.

Според пишувањето на приштинска Газета експрес, несреќата се случила рано утрово и во неа учествувале три возила.

„Денеска во 5.25 часот, на патот Приштина – Урошевац, на кружниот тек во близина на полициската станица, дошло до сообраќајна незгода во која е повредено едно лице. Случајот го презеде сообраќајната полиција“, изјави портпаролката на косовската полиција Фљора Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот