Синот на Гадафи сака да се кандидира за претседател на Либија

Синот на поранешниот претседател на Либија, Моамер Гадафи, Саид ал-Ислам Гадафи, планира да се врати во јавниот живот и да се кандидира за претседател.

Саиф ал-Ислам Гадафи, кого претходно го гледале како наследник на својот татко на местото претседател, не се појавил во јавност откако бил виден пред десет години во либиска пустина, пишува „Times“.

Весникот наведува дека Саиф се обидувал да дојде до западни и други дипломати за тие да го потврдат неговиот идентитет, по што би се вратил во јавниот живот.

Планот му е да се кандидира на претседателските избори на 24-ти декември, но неговите соработници велат дека сегашната номинација би била прерана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот