4 C
Скопје

Синот на ерменскиот премиер ќе биде на фронтот: Сега е нашиот ред да и се оддолжиме на нашата земја

Ашот Пашинјан, син на ерменскиот премиер Никола Пашинјан, доброволно се пријави во армијата да биде на фронтот во судирите со азербејџанските сили.

„Доброволно и се приклучив на армијата”, објави на социјалните мрежи Ашот Пашинјан, кој беше демобилизиран ова лето.

„Мои браќа по оружје, мои пријатели, сега е нашиот ред да и се оддолжиме на нашата земја”, рече синот на премиерот на Ерменија.

Неговата најава уследи откако премиерот Никол Пашинјан денеска ги повика војниците кои беа демобилизирани оваа година да се вратат во армијата поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со ерменско мнозинство население.

Прочитајте и...  Слаба заинтересираност за бесплатната правна помош

Поврзани вести

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Вучиќ им се извини на винарите од Истра што виното им го нарече: Ѓубре и одвратно

Остави Коментар