Синот на Еди Рама носи часовник кој чини цело богатство (ФОТО)

Либерале

Пред неколку дена албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Инстаграм од неговите двајца синови, Грегор и Захо, реализирана по повод петиот роденден на Захо. Но, еден детаљ што излезе во прв план беше скапиот часовник на Грегор, кој очигледно бил забележан и од граѓаните.

Порталот “JOQ” објави порака на граѓанин кој вели дека часовникот што го носи синот на Рама е од швајцарската фирма “Ulysee Nardin” и чини најмалку 34.600 долари, според официјалната страница на фирмата.

– Здраво, синот на Рама, со часовник на рака “Ulysee Nardin” кој чини 34.600 долари …- пишува тој, наведува “JOQ”.

Часовникот е рачно изработен во Швајцарија со 18 каратно злато, стакло од сафир и е отпорен на вода до 50 метри, пренесува весникот Либерале.

Либерале
Либерале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот