Синот на Балашевиќ се жени! Шест месеци чекав благослов во Израел! (ФОТО)

Фото: Ал Џезира

Младиот продуцент Алекса Балашевиќ, синот на Ѓорѓе Балашевиќ ја запроси својата девојка Николина во Израел, за што долго чекал дозвола.

За нивниот приватен живот ретко се зборува, па така и малкумина знаеја дека Алекса е во долгогодишна среќна врска со Николина, но за магазинот „Глорија“, тој ги раскажа деталите.

Фото: Принтскрин

– Шест месеци чекав благослов од Ерусалемската патриархија и во Назарет, во манастириот Николаја маченик, не венча епископот Романос и тоа баш на Светиот Петок. Го чекав долго тој благослов, бев на пост и молев за едно вакво убаво случување. Свршувачката е направена и од тогаш го носам прстенот. Сега чекаме благослов за венчкавка, односно брачна тајна. Би сакал црквената венчкавка да биде во Светата земја. На луѓето во денешно време ова можеби им е необично, бидејќи денеска има се помалку венчавки во црква – изјавил Алекса Балашевиќ.

Младиот Алекса од 2012 година е репрезентативец на Србија во борење. Сепак, Алекса не го заобиколи ниту музичкиот ген.

– Многу пишувам музички текстови во слободно време, кои навистина сакам и знам да напишам, но искрено никогаш не би наплатил. Честопати сум зборувал со татко ми да напишеме заедно некоја песна посветена на српскиот спорт и спортисти, па може и да се случи тоа – рекол младиот Балашевиќ за „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот