Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит сѐ уште е во болница: „И претходно имал несреќи, има проблеми…“

Бред Пит, Анџелина Џоли и Пакс / Фото: EPA

Пакс Џоли-Пит (20), синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, сè уште е во болница по тешката сообраќајна несреќа во Лос Анџелес што ја имаше пред неколку дена.

Како што претходно пренесоа странските медиуми, Пакс на електричен велосипед удрил во задниот дел на автомобил кој застанал на црвено светло на раскрсница. Возачот на автомобилот веднаш излегол и повикал брза помош бидејќи Пакс бил во несвест.

Сега, неколку извори за „Пејџ сикс“ изјавиле дека младиот човек сака неволји и дека ова не е првпат да доживее сообраќајна несреќа. Како и овој пат, и претходно не носел кацига.

„Неговите пријатели се загрижени. Тој е невнимателен“,  рекол еден извор и објаснил дека Пакс бил во неколку несреќи и во автомобил.

„Тој има проблеми, а Анџелина се труди максимално да му помогне“, додал изворот.

Да потсетиме, во 2007 година, Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам. Тогаш имаше три години. Како и остатокот од неговото семејство, тој исто така одлучи да го прекине контактот со Бред Пит.

Таткото на Анџелина Џоли ја критикува за поддршката на Палестина: Под влијание е на антисемитистите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот