Синот му направи проблем на Модриќ: Викни го татко ти да му напишам казна 

twitter/Real Madrid C.F.

Фудбалерот на Реал Мадрид се најде во проблеми со законот во Шпанија и тоа не по своја вина.

Во Шпанија која е најпогодена земја во Европа од пандемијата на коронавирусот со 190.000 заразени лица, Владата воведе задолжителен карантин.

Полицијата постојано патролира низ улиците и нема милост кон несовесните граѓани туку веднаш им пишува парични казни.

Таква парична казна доби и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, но не по своја вина, туку поради неговиот син. Ова го открива неговиот добар пријател Марсело додека разговараше со уште еден играч на Реал, Винисиус Жуниор.

Лука играше фудбал со своите деца во својот двор кога во еден момент топката излета на улица. Еден од неговите синови излезе да ја земе, но во тие моменти го запре полицаец и му рече: Веднап викни го татко ти за да му напишам казна – раскажува Марсело додека од другата страна, Винисиус „умираше“ од смеа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот