Синоќа го спаси Милан, за „награда“ мора да го продадат

EPA-EFE

Милан остана во играта, но ништо од нив не зависи. Во последното коло мора да одат на победа против Спал, а воедно се надеваат дека Аталанта против Сасуоло, и Интер против Емполи дома, нема да освојат бодови.

Се чини дека единствената надеж е градскиот ривал, бидејќи Емполи има мотив, што се однесува до соседите од Бергамо тешко дека ќе ја пропуштат шансата да го постигнат најдобриот резултат во историјата.

Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога е во прашање финансискиот фер плеј и оваа година би завршиле во значаен минус без Лигата на шампионите.

EPA-EFE

„Росонерите“ ќе мора да продадат една ѕвезда, а најблиску до заминување е Џанлуиџи Донарума.

– Најдобро е да не коментираме ништо-, рече голманот на Милан, кој во неделата имаше неколку одлични одбрани против Фросиноне.

Ако мора да изберат помеѓу двајцата најскапи играчи во Милан, повеќе би сакале да го продадат Донарума чија цена е околу 60 милиони евра, за чии услуги интерес покажаа досега ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот